Бекам потпишува за ПСЖ

Дејвид Бекам ќе го облече дресот на Пари Сен Жермен откако денеска ќе го комплетира трансферот во редовите на амбициозниот француски прволигаш.

Фудбалската мегаѕвезда пред неколку месеци остана без клуб по истекот на договорот со ЛА галакси, по што доби понуди буквално од сите делови од светот. Откако обелодени дека нема да се врати во Премиер-лигата, се шпекулираше дека Бекам ќе се реши за преселба во Австралија или во Катар, но искусниот играч за врска сепак реши да остане во Европа.

Деталите од понудата на ПСЖ барем засега не се откриваат, но неофицијалните информации говорат дека Бекам ќе потпише договор на 18 месеци со тимот со шампионски амбиции. Француските медиуми обелоденија дека тој веќе ги минал лекарските прегледи, а неговото семејство е на пат за Париз, за да биде крај Бекс на официјалната промоција на „Паркот на Принцовите“, што е закажана за 17 часот.

- Реклама -