Шангај: Шокирани сме, Дрогба е наш играч

Кинескиот фудбалски клуб Шангај Шенхуа соопшти дека напаѓачот Дидие Дрогба го прекршил договорот откако договорил трансфер во турски Галатасарај.

Кинезите најавуваат дека се принудени да поднесат тужба и до надлежните органи на ФИФА.

„Ние сме шокирани. Дрогба е се уште наш играч, има важечки договор со Шангај. Претходното година потпиша договор на две и пол години со клубот, кој секако се уште е важечки. Подготвени сме да го собереме сите документи и го предадеме случајот на ФИФА како би ги заштитиле нашите интереси“ – се наведува во соопштението на Шангај.

Дрогба пред само два дена договори едноиполгодишна соработка со Галатасарај со вкупна вредност од шест милиони евра. Дрогба по натпревар ќе добива 15.000 евра, со бонус од четири милиони евра само за потписот со турскиот клуб.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска неодамна од ФИФА побара дозвола да оди на позајмица во некој друг клуб додека трае паузата во Кина, но светската куќа на фудбалот го одби тоа. Дрогба за Шанга одигра 11 натпревари на кои постигна осум гола.

- Реклама -