Милевски останува во Вардар

Поранешниот шеф на стручен штаб на Вардар, Боби Милевски кој беше разрешен на почетокот од годинава, како што претходно најавија од раководството на клубот и официјално останува во ФК Вардар, но во иднина како раководител на младинската школа.
Милевски, кој од јуни 2011 година до јули 2012 година беше асистент на Илчо Ѓорѓиоски, а потоа изминативе шест месеци го презеде и раководењето со првиот тим во иднина ќе ги координира работите во младинските школи на „црвено-црните“.

Во младинско-пионерската школа на ФК Вардар, во моментов функционираат осум категории млади фудбалери во детската школа, и плус пет категории фудбалери во младинската школа.

- Реклама -