Неговите потајни сексуални желби направете ги реалност

Монотонија. Еден од најчестите проблеми во врските, особено оние подолгите. Епа драги девојки, имаме новост. Вие можете да го измените тоа. Верувале или не, зачинувањето на вашиот сексуален живот, е промена која би можела да смени многу работи во односот помеѓу вас и вашиот партнер. Доколку немате идеи, ние ви нудиме неколку совети кои со сигурност ќе донесат освежување во вашата врска и ќе го направат вашиот партнер среќен.

Секси облека

Изненадете го со нова секси долна облека, или уште подобро, костимирајте се во докторка, наставничка, затвореничка или нешто слично што знаете дека би го излудело. Секако, доколку се одлучите за оваа, втората опција, неизбежно следува и однапред смислено сценарио соодветно на маската. Не се сомневајте дека вашиот партнер со задоволство ќе ви се придружи во играта.

 Покажете дека сте добра во кујната.

Се разбира, не мислиме на вашите кулинарски способности. Во кујната можат да се сервираат уште многу други работи, на пример вие самите, декорирани со шлаг, чоколадо, јагоди, или пак нешто по ваш избор. За вашиот дечко тоа би претставувало најубавиот десерт кој некогаш го вкусил.

Изненадување во бањата

Наполнете ја кадата, додадете пенлива купка, украсете со листови од рози, свеќи, миризливи стапчиња и надоплнете ја целата атмосфера со стар џез. Истото сценарио можете да му го приготвите и во туш-кабината, кога неочекувано ќе му се придружите.

Во јавна средина

Посетете го на неговото работно место, одведете го на ноќна прошетка на плажа, или пак седнете на задното седиште од автомобилот. Шепнете му два-три “валкани” зборови и оставете играта да започне. Направете го тоа на места кои се јавни, но сепак веројатноста дека некој би ве забележал е минимална. Ваквиот ризик ќе ви го подигне адреналинот, а новоста од необичната околина изненадувачки ќе го раздвижи неговото, а и вашето либидо.

Зборувајте валкано

Чувствувајте се слободни да го збогатите сексуалниот чин со непристојни зборови и валкан разговор. Не плашете се дека ќе звучите глупаво или „неморално“, баш напротив, молкот е тој кој ја убива страста. Кажете му што сакате да ви прави, без одбирање на зборови. Бидете перверзна, бидејќи креветот е вистинското место за тоа, каде нема простор за срам и стеги. Ваквиот подвиг значително ќе ја вжешти атмосферата.

Девојки, се надеваме дека со советите погоре успеавме да ја разбудиме вашата имагинација и дека пронајдовте нешто што успеа да ве поттикне. Постојат уште милион други креативни начини пријатно да го изненадите вашиот партнер. Потребна е само малку фантазија. Запомнете, сексот е чин во кој нема правила. Тука нема простор за себичност, односно секогаш настојувајте да ги исполните и желбите на вашиот партнер. Најчесто тие се взаемни. За крај запоменете, сексот треба да претставува заедничко задоволство.

- Реклама -