Разликата помеѓу сексот и водењето љубов

Жените уживаат во страсното водење љубов од филмовите, но понекогаш се разочарани од сопственото искуство. За разлика од обичниот секс, постои нешто сензуално и прекрасно кога две хемии ќе се соединат заедно. Тоа е моментот кога сексот се претвора во водење љубов.

Добро се познавате

Секогаш е чудно кога за прв пат треба да спиете со партнерот. Потребно е време за би го спознале неговото тело и ерогените зони. Кога сте заљубени, времето кое го трошите на запознавање на неговото тело се нарекува интимност. Сепак, доколку имате секс само колку да ги задоволите вашите моментални апетити, разликата е јасна. Сексот е физички чин, ослободен од хемијата која ја поседуваат заљубените парови при водењето љубов.

Пријатели „со привилегии“

Многумина сметаат дека е возможно да се има пријател „со привилегии“, без притоа да се развијат подлабоки чувства. Со оглед на тоа што првенствено овој чин настанува главно заради потребата за секс, веројатно се во право. Доколку двајцата меѓусебно се сметате за атрактивни, зошто да не. Сепак, бидете внимателни. Во ваквите случаи најчесто доаѓа до помешување на чувствата и не ретко се случува тие да бидат еднострани. Затоа запомнете, доколку навистина не сакате да го ризикувате вашето пријателство, или внимавајте со вашите емоции, или не се впуштајте во играта.

Предигра

Предиграта не започнува во спалната соба. Таа започнува со флерт. Кога за прв пат запознавате некој и чувствувате спрема таа личност некаква хемија, сексуалната тензија самата по себе е предигра. Сексот е самата акција, но заљубувањето вклучува и предигра. Тоа значи дека не ви се „брза“ за секс и дека сакате да уживате во сета нејзина магија. Кога нема предигра, најчесто нема ниту желба да се задоволите еден со друг на вистинскиот начин, што е голема предност на водењето љубов во однос на сексот.

Оргазам

Многу луѓе го мешаат оргазмот со љубов. Да се доживее оргазам не е исто со доживување на љубов. Тоа е само еден дел од сексот, но доаѓањето до она вистинското „О“ вклучува и интензивна страст и љубов помеѓу партнерите. Тешко е да се дојде до оргазам доколку не сте целосно поврзани со партнерот.

Сексот е ослободувачки чин

Понекогаш луѓето го користат сексот како некој вид на „издувување“, на истиот начин како што сакаме да се напиеме пијачка после напорниот работен ден. Ова прави голема разлика помеѓу сексот и водењето љубов. Љубовта вклучува емоции, додека сексот е само акција. Доколку сексот го сметате за ослободувачки чин, тогаш тоа може да биде и прилично себичен мотив.

Несебичност

Љубовта ве поттикнува да сакате да го задоволите партнерот на секој начин, физички и емотивно. Постои нешто што се чувствува одвнатре. Помислете на секој романтичен филм каде мажот опуштено ја задоволува неговата љубена. Тоа никогаш не е механички и избрзано, напротив, претставува несебична интеракција. За разлика од ваквото водење љубов, сексот често може да биде само краткорочен чин.

Хемија

Постои тој момент во врската кога целосно се поврзувате со партнерот и свесни сте за вашата взаемна заљубеност. Хемијата е главната дефиниција за водење љубов. Постојат различни нивоа на истата, поентата е само да увидите на кое ниво сте поврзани вие и вашиот партнер.

- Реклама -