Предвидување на ризикот од рак на бели дробови

ноктиНоктите од нозете би можеле да им овозможат на научниците да го предвидуваат ризикот од рак на бели дробови, неколку години пред тој да се појави. Мерењето на нивото на никотин во исечени нокти открило дека мажите кои имале највисоки нивоа имале три пати поголем ризик за добивање рак.

Бидејќи ноктите на нозете растат полека – 1 сантиметар годишно – тие даваат важни информации за долготрајната изложеност на чад од цигари. Откритието на експертите од Универзитетот од Сан Диего во Калифорнија би можело да им овозможи на докторите да извршуваат тестови за тумори во белите дробови. Ноктите не само што ги идентификуваат пушачите кои се во најголема опасност туку и непушаччите. Ова значи дека додава докази за штетниот ефект на пасивното пушење.

Истражувачите анализирале примероци од ноктите на 850 мажи и ги набљудувале повеќе од 12 години за да видат кај кој од нив ќе се развие рак на белите дробови. Тие процениле дека оние со највисоките нивоа на никотин имале три и пол пати поголем ризик од добивање рак 12 години подоцна. Пушењето е виновно за 90 проценти од сите случаи на рак на белите дробови. Се проценува дека луѓето кои пушат повеќе од 20 цигари дневно имаат 20 пати повисок ризик од непушачите.

Според податоци објавени оваа недела, стапката на рак на белите дробови се зголемила повеќе од двапати кај жените над 60 години од седумдесетите. Од болеста сега страдаат 190 од 100.000 жени, што е зголемување од 88 од 100.000 пред 30 години. Но стапката кај мажите опаднала бидејќи популарноста на пушењето е во опаѓање од седумдесетите. Примероците од ноктите биле земени од секој доброволец на почетокот на експериментот во 1987 година. Научниците потоа ги набљудувале доброволците во наредните 12 години за да видат кај кој од нив ќе се развие рак на белите дробови.

Резултатите покажале дека нивото на никотин во ноктите кај оние кои страдале од рак 12 години порано било околу 0,95 нанограми по милиграм. Оние кај кои не се појавил рак имале само 0,25 нанограми по милиграм. Научниците додале дека овој тест го покажува скриениот ризик кај непушачите. Повеќе од десет проценти од мажите со највисоки нивоа воопшто не пушеле во животот. Студијата покажала дека нивото на никотин во ноктите е биомаркер кој може да помогне во предвидувањето на ризикот од рак независно од фактот дали пациентот е пушач или не.[Toenails can reveal lung cancer risk years before it strikes]

- Реклама -