Вистината зад 10 здравствени митови

митови за здравјетоKога станува збор за здравјето, не смее да постојат компромиси, но, митовите што кружат со години наназад, можат да ве наведат на погрешен пат и покрај најдобрите намери. Ова е листа на десет вистини кои се кријат зад популарните митови поврзани со здравјето.

Kога станува збор за здравјето, не смее да постојат компромиси, но, митовите што кружат со години наназад, можат да ве наведат на погрешен пат и покрај најдобрите намери. Ова е листа на десет вистини кои се кријат зад популарните митови поврзани со здравјето.

здраствени митовиНе ја вадете корката од лебот, има витамини.

Вистината:
Во студија извршена во Германија во 2002, научниците откриле дека печењето создава нов тип на антиоксиданс во лебот кој помага во борбата против рак, и дека тој е 8 пати поконцентриран во корката отколку во остатокот од лебот. Но, во секој случај поважно е да се јаде интегрален леб, со или без корката, бидејќи во него има повеќе хранливи материи.

Ако излезете надвор со влажна коса, ќе настинете.

Вистината: Ќе ви студи, но што се однесува до здравјето, нема да ви биде ништо. Во студија направена во Салсбури, Англија, група доброволци биле изложени на обичен вирус, по што половината седеле во топла соба а другата половина се истуширале и стоеле во ходник половина час без да се исушат. Половината која се туширала потоа се облекле но стоеле со влажни чорапи уште неколку часови. Сиптомите на настинка се развиле во ист број и кај оние на кои им било топло, и кај оние кои се смрзнувале. Резултатот, чувството на студ не влијае врз имунитетот.

Ако ги вкрстите очите, ќе ви останат така.

Вистината: „Нема ништо лошо кај вкрстување на очите“ вели Вокер Мотли, асистент професор по офталмолоија на Универзитетот во Синсинати. Но, ако забележите дека вашето дете го прави тоа почесто, кога не се шегува, тогаш може има некој друг проблем со видот.

Треба да јадете кога имате настинка и да гладувате кога имате треска.

Вистината: Во двата случаи, јадете и пијте, а пота пијте уште. „Хидрацијата е најважната работа, зашто губите многу течности кога сте болни“ вели Џим Сирс, педијатар од Калифорнија. Тој додава и дека нема потреба од специјални пијалаци кои содржат електролити, освен ако се работи за посериозна дехидрација.

здраствени митовиЕдно јаболко дневно го одржува здравјето.

Вистината: Една рака боровинки дневно ефективно ќе ви го одржува здравјето. Боровинките се полни со антиоксиданси и растителни влакна и лесно можат да се додадат во житарици или јогурт за време на појадокот. Во секој случај, јадењето повеќе овошје и зеленчук од кој било вид е важно за спречување на повеќе хронични болести, како срцеви проблеми, висок крвен притисок и дијабетес.

75 проценти од топлината се губи преку главата.

Вистината: Оваа пресметка најверојатно е направена со бебе, бидејќи нивните глави се пропорционално поголеми во однос на телото. Затоа е и важно главата на бебето да е покриена во студено време. Но кај возрасните, најверојатно се работи за околу 10 проценти. И не заборавајте дека топлината се губи преку секој изложен дел (стапала, раце, дланки), па шапката не е ништо поважна од ракавиците.

Некој треба да ве исплаши за да престанете да икате.

Вистината: Повеќето домашни лекови, како задржувањето на здивот или пиење вода со нозете нагоре, никогаш не биле медицински потврдени. Спеак, можете да се обидете со овој трик кој бил објавен во The New England Journal of Medicine во 1971: голтнете едно кафено лажиче бел кристален шеќер. Според студијата, оваа тактика била успешна кај 19 од 20 субјетки.

здраствени митовиЈадењето риба ве прави паметен.

Вистината: За деца стари до три или четири години, ова е факт. Рибата, особено мрсните, како лосос, се полни со омега-3 масни киселини, како DHA (докасахекаенична киселина). DHA помага, во првите две години од животот, со развојот на мозокот и видот. Во студија од 2008 година, бил забележан пораст на вокабуларот и разбирањето кај четиригодишниците кои добивале дневна доза на DHA. Ако не сакате риба, тогаш омега-3 има и во авокадото и оревите.

Не треба да пливате еден час по оброк.

Вистината: Слободно изладете се. По оброкот, поголема количина на крв се повлекува од екстремитетите и оди во дигестивниот систем, поради што порано се мислело дека ако претерате со физичка активност може да дојде до грчеви. Но тоа нема да се случи. Можеби нема да имате доволно енергија за напорно пливање, но не би требало да имате потешкотии да се опуштите во водата.

Топло млеко ќе ви помогне да заспиете.

Вистината:
Млекото содржи мала количина триптофан (аминокиселина) но за да има ефект ќе треба да испиете десетина литри. Ефектот за кој зборуваат некои луѓе е рутина за опуштање создадена уште од детството, бидејќи млекото било дел од рутината, тоа може да има плацебо ефект без оглед што вели науката.

- Реклама -