Грашокот може да расте и во белите дробови

Повеќе...Колку и добро да го познаваме, човечкото тело никогаш не престанува да нѐ изнедадува. Последен пример за тоа е Рон Свиден, во чии бели дробови растел грашок.

Колку и добро да го познаваме, човечкото тело никогаш не престанува да нѐ изнедадува. Последен пример за тоа е Рон Свиден, во чии бели дробови растел грашок.

500x_svedenКога Рон Свиден од Масачусец отишол во болница поради непрекинатото кашлање, тој очекувал да добие дијагноза за рак. Затоа можете да го замислите неговото изненадување кога дознал дека всушност – растение расте во неговите бели дробови.

Со месеци, Рон Свиден кашлал повеќе од вообичаеното. Кога неговата сопруга повикала брза помош и го однеле во болница, докторите увиделе дека белите дробови му откажале.

Што друго откриле тие, по двенеделно тестирање? Растение. Поточно, грашок. Свиден изјавил за локалната ТВ станица дека растението е „околу 1,5 см., што се разбира, е доста големо.“. Докторите теоризираат дека растението е најверојатно голтнато „на погрешен начин“ и со тек на време почнало да прортува и расте во неговото тело.

Не се знае дали растението, доколку не било извадено, целосно ќе пораснело во утробата на Свиден. Но, тој се шегува на своја сметка: „По операцијата, првиот оброк што ми го дадоа беше грашок. Го јадев и се смеев.“ [This Man Had a Plant Growing Inside His Lung]

- Реклама -