Мора ли сексот да биде како во порно филмовите?

Во порнографските филмови сексот секогаш изгледа сензационално, па повеќето двојки стануваат несигурни кога работите во нивната спална соба ни приближно не изгледаат така.

Меѓутоа, дали воопшто е важно сексот да изгледа филмски? Ако повеќето работи за сексот сте ги научиле од порно магазините или порно филмовите, би можеле да се запрашате зошто вашиот реален сексуален живот е толку различен од оној во филмовите. Не треба да се разочарувате или да бидете фрустрирани зошто повеќето од тие сцени немаат врска со реалноста.

porn6501_101411110126

Раскошна домаќинка и мускулест водоинсталатер

Порнографијата се темели на фикција. Многу често во порно филмовите домаќинките се прикажани како напалени жени кои одвај чекаат да дојде водоинсталатерот кој ќе ги задоволи нивните сексуални фантазии. Во реалниот живот жените не размислуваат така, а со странци разговараат многу внимателно ако воопшто ги пуштат да влезат во нивниот дом.

housewife_011

Исто така, спорен е физичкиот изглед на актерите. Тие се секогаш добро градени, а водоинсталатерите се секогаш совршено градени. Во реалниот живот, домаќинките и водоинсталатерите, ќе признаете, не изгледаат секогаш толку грандиозно.

Сексот во порно филмовите секогаш е добро усогласен, но треба да знаете дека овие филмови се снимаат по сценарио. И на актерите им се случуваат разни незгоди во текот на сексот, но во монтажа тие делови се исфрлаат, па сѐ делува како совршен сексуален чин.

Оргазам во исто време и нежни допири по сексот

Дали некогаш сте забележале во порно филмовите да се зборува за сигурен секс? Не, тие веднаш се фрлаат на работа. Главниот актер има бескрајно долга ерекција, а има енергија за пет часа секс. Актерката, пак, доживува оргазам само две минути по предиграта. За двајца луѓе кои се сретнале само пет минути пред снимањето, тоа изгледа прилично добро. Совршена избалансираност, но лажна.

32993_shutterstock_44211211_iff

Романтичните филмови се уште полоши. Во нив партнерите доживуваат оргазам во исто време, гледајќи се нежно во очи и разменувајќи допири полни со љубов. Секако, оргазмот доаѓа по само неколку движења на колковите и два-три допири со рака. Изгледа прилично едноставно.

THE TWILIGHT SAGA: BREAKING DAWN

Меѓутоа, тоа нема врска со сексот во реалниот живот. Таквите филмови наметнуваат нерални стандарди. Важно е да се сетите на тоа секогаш кога ќе помислите дека имате лош сексуален живот. Во порно филмовите недостасува она што во реалниот живот е многу важно-комуникација меѓу партнерите. Кажете му на партнерот што ви се допаѓа и што ве возбудува и тоа секако ќе го подобри вашиот секс.

- Реклама -