Свински грип: Прашања, одговори, факти и митови

jpgПовеќето од нас се приклучуваат на интернет и гледаат телевизија со цел што повеќе да дознаат за овој грип, но некои вести и факти се позастапени од другите. Проблемот е што тоа најчесто се ПОГРЕШНИТЕ вести и факти. Па, дали знаеме се што треба за свинскиот грип, или само мислиме дека знаеме? Со други зборови – дали треба да се плашиме од свинскиот грип?

Повеќето од нас се приклучуваат на интернет и гледаат телевизија со цел што повеќе да дознаат за овој грип, но некои вести и факти се позастапени од другите. Проблемот е што тоа најчесто се ПОГРЕШНИТЕ вести и факти. Па, дали знаеме се што треба за свинскиот грип, или само мислиме дека знаеме? Со други зборови – дали треба да се плашиме од свинскиот грип?
Грипот H1N1 е чест кај свињите, но редок кај луѓето. Грипот не претставувал поголем проблем за луѓето уште од 1976. Тогаш имало епидемија во Њу Џерси и 200 луѓе биле инфицирани, а предизвикал една смрт. Иако мислевме дека нема да дојде до нас, времето ни покажа дека грешиме. Свинскиот грип е овде, а и со него и паниката за свинскиот грип. А паниката воопшто не мала. Уште сега може да се забележат луѓе со маски на лицата и да се чуе како тој е многу опасен, небаре смртоносен. Дали стравовите и паниката се оправдани? Погледнете неколку теории и факти за свинскиот грип кои ќе ве изненадат.

090427-swine-flu-facts_170_copyСе сеќавате ли на филмот „Мисија: Невозможна 2“ кога главниот негативец поседуваше лек за болест која не постоеше? Со цел да го продаде, тој создаде вирус – Химера. Кога веќе имаше вирус, на луѓето им беше потребен лек. Неговиот лек. Па тој превзема фармацевтска компанија за да направи милиони.

Слично сценарио се претпоставува дека се случило и со свинскиот грип. Според Global Research, сајт раководен од канадски центар за истражување, можно е овој вирус да бил создаден во лабороторија и проширен со цел да создаде пандемија. Овој сајт дури и има докажано дека една фармацевтска компанија манипулирала со вирус во минатите години. Значи, ништо ново. И ништо тешко.

Моментално, нивото на паника за H1N1 е на 4та фаза. Ако повеќе земји имаат доживеат случаи на вирусот, нивото ќе се искачи на фаза 5, која е првото ниво за препознавање на пандемија. Фаза 6 е веќе светски распространета пандемија. Нема сомнение дека се повеќе случаи и вести ќе стигнат, но најважно е да се заштитите себеси и ДА НЕ ПАНИЧИТЕ. Мијте ги рацете почесто и одбегнувајте контакт со луѓе кои киваат или кашлаат. Истото кое треба да го направите кога не сакате да фатите било каков вирус.

Треба да знаете:
– Не можете да фатите свински грип од јадење свинско.
– Грипот може да се префрли од свиња на свиња, од свиња на човек, од човек на човек и од човек на свиња.
– Најчест начин за луѓето да го фатат грипот е ако бидат во контакт со луѓе кои веќе го имаат.
– Нема вакцина за свинскиот грип. Се уште се работи на неа.

swine_flu_symptoms_370Најчести прашања:

Колку е безбедно да јадам свинско?
– Безбедно колку што и било отсекогаш. Јадењето свинско може да предизвика болести, но само ако месото е расипано. H1N1 вирусот не се пренесува преку храна. Тој е респираторен вирус, се пренесува од човек на човек.

Дали маските навистина можат да ме заштитат?
– Па, и да и не. Нормално е дека да се носи маска е подобро отколку ништо, но бактериите на вирусот можат да се протнат речиси секаде. Најдобар начин за превентива е почесто миење на рацете и да сте на растојание од барем 100цм од другите луѓе.

Дали ова е само паника која медимуите ја шират? Колку исплашени треба да бидеме?
– Да се пренесе од животно на човек и потоа од човек на човек е ретка вештина која еден вирус може да ја „научи“. Ова го прави свинскиот грип H1N1 ПОТЕНЦИЈАЛНО опасен и загрижувачки. На птичјиот грип, на пример, таа вештина не беше доволно развиена.

Се крева голема фама за овој грип бидејќи може да се пренесе од човек на човек, па медимуите само сакаат да ни кажат дека тој постои, дека е овде. Но, експертите, како Andrew Pekosz, професор по микробиологија и имунологија во Балтимор, вели дека нема потреба да се заклучувате дома. Како прво, случаите надвор од Мексико воопшто не се различни од обичниот сезонски грип. Моментално никој не знае зашто е тоа така.

[[2009_flu_pandemic | Свински грип пандемија 2009]]

- Реклама -