Запознајте ги важните ерогени точки на машкото и женското тело

За Г-точката веројатно веќе сите сте слушнале, но знаете ли за точките П и Ф? Време е да ги запознаете тајните најсилни ерогени зони.

Секој дел од телото може да биде погодно за сексуално уживање, заведување или потенцијален оргазам. Меѓутоа, постојат неколку делови кои се малку повозбудливи од сите останати, особено Г-точката кај жените, и Ф и П кај мажите.

Ф-точка

Френулум е триаголна област веднаш под врвот на пенисот. Прекриено е со многу чувствителни нервни завршетоци, што го прави еден од најважните делови во целата генитална област. Обидете се да го симулирате тој дел од пенисот во текот на оралниот секс и тоа така што ќе поминувате со јазикот преку него. Добро би било и нежно да пуштите воздух во делот Ф. Тоа ќе го воодушеви.

Надворешна П-точка

Простатата е особено чувствителна и некои мажи (но, не сите!) чувствуваат големо задоволство кога надворешниот и внатрешниор дел од простатата се симулира. Се работи за делот од крајот на неговите тестиси па се до задницата. Тој дел може да се симулира со прсти и со јазик. Тие потези ќе го излудат. Но, пред да започнете со тоа, проверете дали вашиот партнер е еден од многуте мажи на кои им се допаѓа ова.

g tocka

Внатрешна П-точка

Ако сакате да ја симулирате внатрешната П-точка, ќе морате со партнерот да имате огромна доверба, но подеднакво ќе ви биде потребна и многу пракса. Имено, симулирањето на внатрешната П-точка ја правите со вашите прсти во неговиот задник, што значи дека прво ќе морате да ги намачкате за да можат полесно да лизгаат. Со прстите лесно притиснете го делот во внатрешноста близу пенисот. Тоа предизвикува огромно задоволство, но никако не го правете самоиницијативно. Прво договорете се со него.

Г-точка

Ова е точката која на жените им гарантира врвно задоволство. Се работи за ткивото кое набабрува кога жената е возбудена. Се наоѓа околу пет сантиметри од влезот во вагината. Г-точката многу подобро се пронаоѓа со прсти, отколку со пенис. Немојте да влегувате премногу длабоко. Ставете го прстот и насочете го во правецот на предниот ѕид на вагината (страната од телото каде се наоѓа папокот). Останатите ѕидови на вагината се мазни, но овој е малку груб и рапав поради Г-точката. Кога жената ќе се возбуди, ткивото набабрува и тогаш лесно се чувствува со прстите. Доволно е лесно да се мрдне прстот горе и доле, лево и десно, а жената ќе заврши на седмо небо.

 

- Реклама -