Сте ги испробале ли овие секс пози?

Време е вашиот сексуален живот да го зачините со нови пози, односно оние кои ви се веќе познати, но на малку поиновативен начин.

За сексуалните пози во текот на историјата многу е напишано и кажано. Невозможно е да се смисли нешто ново, бидејќи се веќе одамна се знае и практикува. Некои луѓе ги сакаат традиционалните пози, а некои се заиграни и сакаат да експериментираат со нетипични позиции. Ако сакате малку да ги зачините активностите во креветот, во продолжение неколку традиционални, но сепак малку изменети пози. Време е за вистинско уживање!

seks par

Интензивна мисионерска поза

Легнете на грб и рацете подигнете ги над главата како да се истегнувате. Тој е над вас, што значи дека е слично како мисионерската поза, само што на жената нозете треба да и бидат споени. Чувството ќе биде многу поинтензивно, и за вас и за него.

Жешка лажица

Свртете го грбот наспроти мажот, а тој нека ви биде доближен со предниот дел од неговото тело. Задницата истакнете ја кон него и одредувајте го ритамот на пенетрација. Оваа поза овозможува допирање на клиторисот, а тоа може да го правите вие самите или тој. Уживањето секако е загарантирано.

Усогласување

Ова е исто така варијација на мисионерската поза, но надоградена, и тоа за целосно уживање на жените. Завземете поза како во мисионерскиот секс, но неговите раменици нека бидат исправени пред вашите. Целта е да го избегнете „буткањето“ карактеристично за класичната мисионерска поза. Наместо тоа повеќе внимание посветете на задното триење, бидејќи така поинтензивно се стимулира клиторисот.

Вртелешка

Ова е поза во која жената седи на мажот додека тој лежи на грбот. Но, наместо класичното помрднување горе-доле или напред-назад, таа треба да „го врти садот“. Тоа го зголемува интензитетот, а особено е добро ако партнерот не е претерано надарен.

Вмрежена поза

Двајцата легнете на страна, но бидете завртени еден наспрема друг. Вашата задача е да го опфатите за нозете, односно една негова нога. Така ќе бидете мошне блиску еден до друг додека се одвива пенетрацијата. За рамнотежа ќе биде потребно да се придржувате еден за друг. Инаку, ова е поза во која жените лесно доживуваат оргазам.

 

- Реклама -