Забавни факти за The Hobbit: Потрошени 290.000 евра за кафе

Снимањето на филмот The Hobbit: An Unexpected Journey очигледно било смел и скап подвиг. Според Wikipedia, првиот од трилогијата филмови имал буџет тежок 115 милиони евра. Ова се навистина многу пари, а еве на што точно бил потрошен предвидениот буџет.

  • Очигледно добар дел од парите отидшле во државната каса на Нов Зеланд, бидејќи тоа е локацијата на Middle Earth.
  • Иако филмот има голем број сцени снимени во природа, дури 99 сетови биле изградени специјално за The Hobbit.
  • За материјалите потребни за изградба на филмските сетови биле потрошени седум милиони и петнаесет илјади евра.
  • Бидејќи филмската клапа помина речиси три години во снимање, 71.000 евра биле потрошени за хотелски соби.
  • Актерите од Нов Зеланд работеле 16.000 денови за време на продукцијата, односно 266 денови во снимање.
  • Од вкупниот буџет 1.150.000 евра биле потрошени за храна, од кои 290.000 евра отишле за кафе.
  • Меѓу 600 и 700 перики биле направени за филмот.
  • Биле употребени околу четири тони силикон за составување на фацијалните протези што ги носат актерите на филмското платно.
  • Тринаесетте џуџиња, пак, носеле вкупно 547 оружја, кои биле транспортирани низ сите локации на Нов Зеланд, на кои биле снимани филмските сцени. [$380,000 Worth of Coffee…and Other Fun Facts About ‘The Hobbit’]
- Реклама -