Google подготвува видео игра сместена во алтернативна реалност (видео)

Google подготвува видео игра со наслов Ingress. И овој пат не се работи за една од нивните првоаприлски шеги туку за игра со алтернативна реалност.

Засега играта ќе биде достапна само на Android но Џон Ханке и неговиот тим од Niantic Labs изјавил: „Концептот е нешто како World of Warcraft, каде што сите учесници во светот ја играат истата игра.“ Играчите играат за еден од два тима – “The Enlightened” кои ја прифаќаат моќта и “The Resistance” кои се борат против моќта. Секој може да игра од било каде во светот, но во места со повеќе играчи ќе има поголема борба за ресурси.

- Реклама -