Желатин создаден со човечка ДНК ќе создаде побезбедна храна

Желатин е клучна состојка во гумените бонбони и маршмелоу, но и во вакцините и капсулите. Неговото производство е проблематичен и непостојан процес, но сега научниците можат да создадат совршен желатин со човечка ДНК.

Во 2011 година научници од Пекинг развиле метод за создавање големи количини желатин со човечка ДНК и квасец. Желатинот добиен од човечка ДНК се користи веќе долго време во производството на вакцини и желатинските капсули во кои се достапни многу лекови. Овој метод создал толку големи количини желатин што би било практично да се користи и за бонбони и состојки за готвење.

Ова всушност е неверојатно откритие бидејќи избегнува многу од проблемите поврзани со „природното“ производство на желатин. Во производство на желатин е многу тешко да се добијат постојани резултати, а постојаните резултати се особено важни во производството на вакцини и капсули.

Бидејќи желатинот се добива од животни, тој може да предизвика алергична реакција или да биде недостапен за луѓето кои имаат етички или религиозни причини за избегнување на животински производи.

И покрај сите придобивки речиси секој медиум кој ја претстави оваа вест започнаа со нешто во стилот: „Одвратно!“ Еве само дел од фразите употребени од наводно сериозни медиуми: „морничаво“, „канибализам“, „негативецот во научна фантастика за поробени човечки клонови“. Еден новинар дури и го споредил ова со сладоледот направен од човечко млеко.

Но, во производството на желатин со човечка ДНК не се користат човечки ткива. Ова е чиста хемија. Од друга страна обичниот желатин се создава со вриење на животински производи како кожа од свињи, говедски коски или цели коњи. А луѓето се вознемирени од неколку молекули човечка ДНК?

- Реклама -