Реакција на претседателот на ИНТЕГРА поради тоа што им бил забранет пристап на пазарот во Велес

Претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски и Коалицијата „Храбро за Македонија“ најостро протестираат поради тоа што беа спречени од обезбедувањето на пазарот во Велес  да поделат промотивен материјал и да имаат средба и разговор со граѓаните.

„Ова што денес ни се случи нам на отворениот пазар во Велес го немало ни во најтемните денови на комунизмот, па ако сакате ни во Северна Кореја. Обезбедувањето не предупреди да не делиме промотивен материјал на сред кампања, дали е тоа забрането според ДИК или е ова приватен имот на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од  Велес? Класична злоупотреба на службена положба и овластување. Тоа ли ќе го враќа ВМРО-ДПМНЕ, најтемниот период од комунизмот, со забрани, со уцени, со притисоци? Луѓето да не можат да ја дознаат вистината од другите политички  понуди на пазарот? Срамота за градоначалникот на Велес, срамота за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, комунизмот не смееме да го вратиме, мора слободата да дише, ова е место на народот, и имаме право во сред кампања да допреме до народот да ја пласираме политичката понуда да видат и сфатат дека има и нешто многу подобро од двете црно-бели партии кои темнина ја носат на политичката сцена во Македонија“, изјави Ристовски.

- Реклама -