Да ја продолжиме визијата на Мирко Попов, да продолжиме да свириме и да промовираме нови движења…

Викендов во Битола во органзаиција на  „Акто“ и „Силата ЕУ Младите“ се одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“, на кој беше промовирано винил изданието „Поп- Култура“ кое е прозивод на последниот проект на Мирко Попов, Платформата „Силата ЕУ Младите“. Во саботата Битола беше обоена со убава музика и млади креативни музичари претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. Во саботата во Битола беа пријателите на Мирко Попов, неговите соработници и луѓето кои ја сакаат и почитуваат неговата работа и сите заедно ја продолжуваат неговата визија. Продолжуваат да свират и да промовираат нови движења, но пред се да уживаат во добрата музика и во ентузијазмот на младите музичари кои Битола овој викенд го направија дел од една прогресивна културна сцена.

Настанот започна во Јагода со промоција на винил-изданието „Поп Култура“, но и диџејски сетови на Димчуга [WHY2K?] + Кекиќ [MINT] + ГЛВ [MINT]. Плочата „Поп култура“ е компилација на млади и современи македонски автори и е прилично ретко издание во македонската естрада. Тука се поместени песни на цела плејада идни легенди на македонскиот поп: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и Слаткаристика (Slatkaristika).

-Денеска е промоција на винилот „Поп Култура“, компилација од македонски артисти и македонска музика. Многу ми е мило што сум јас дел од тој винил. Тоа е на Мирко Попов идеја и многу ми е драг тој проект. Собрани сме многу креативци со многу идеи, заедно правиме нешто мислам дека што е многу големо и ќе стане во иднина уште толку поголемо. Да се работи со Мирко Попов беше многу возбудливо. Заедно го работевме Поп Култура настанот. Онака баш топ левел беше, вели Димитар Саздов, Dimchuga кој имаше свој настап во Јагода.

Вечерта, во диското на Јагода започнаа концерите на Димитра, „Д Локал Блу“, „Занаду“ и „Поетроника“, а целодневната журка заврши со диџеј сетови на Јос и Мартина Пенева.

– Добро е да се работи во оваа област и благодарни сме за тоа што ни се пружаат такви иницијативи. Публиката се чини ко да има потреба од вакви настани и би било добро кога би биле почести – вели Мирослав Перовски, саксофонист на  бендот „Локал Блу“.

„Зандау“, млад бенд од Скопје ја имаше честа да свири на последниот концерт организиран од Мирко Попов на 8 март во МКЦ заедно со бендот „Артан Лили“. Месец дена подоцна, за прв пат се преставија пред битолската публика.

-Уживаме во Битола. Ни требаат вакви шанси да се претставиме подалеку од Скопје и пред нова публика. И да стигнеме подалеку од онаму кај што твориме и тоа што не затвара, можеби некој круг нереален. Да излеземе малку подалеку од кругот. Супер е. Многу сме благодарни и среќни што бевме дел од платформава.И што ќе продолжиме да бидеме и да свириме и да промовираме вакво движење. Што ќе ја продолжиме идејата на Мирко Попов и неговата визија за тоа што пробуваше да го направи.Единствено тоа е начинот да го испочитуваме тоа за кое што се бореше, а тоа е некое поурбано, покултурно и Скопје и Македонија. И изгубивме другар, ама ни останува на нас одговорноста таква. Помлади генерации да продолжиме нешто што го започнале некои пред нас. Мирко беше човек што веруваше во нас и ние верувавме во него – вели Карло Јовановски од „Зандау“

Андеа Салпе од „Поетроника“ е еден од поблиските соработници на Мирко Попов со кого го водеше под лејбелот на PMG Recordings, PMG Tanc Digital. Во Битола настапи со Оливер Митковски и “Поетроника“

Чудно е да се збори во минато за Мирко. Мислам дека беше и остана се уште пример за како треба да се сака и работи како да се стигне до тоа што човек сака да го работи. Беше мој соработник. Со Мирко го водевме под лејбелот на PMG Recordings, PMG Tanc Digital дигитал што беше фокусиран на електронска музика стриктно издавање. Особено македонски артисти што творат електронска музика. Организиравме евенти пуштавме музика под PMG Tanc Digital, доста внимававме околу организацијата на самите евенти, кој ќе пушта музика ради тоа што денес во море од диџеи и програма што е презаситена и станува не карактерна доста се трудевме да го задржиме карактерот и внимателно да ги избереме и артистите и самата организација да биде направена како што треба – вели Салпе.

Битола во саботата беше ден на младите, на креативните и прогесивните. На сите оние кои ја сакаат добрата музика.  

- Реклама -