Јакимовски: ЕУ да најде начин како Бугарија „да пие кафе“ кога ќе се гласа за Македонија

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе биде да разговараме за јазикот и
тоа е трикот кој ни го прави Ковачевски, дека македонскиот јазик е
признат во ЕУ. Бугарите велат имате јазик ама е наречје на бугарскиот,
вели во вчерашното гостување во „360 степени“ претседателскиот кандидат
Стевчо Јакимовски.

– Мора да се смени пристапот, ЕУ ќе си најде начин како Бугарите да
пијат кафе кога ќе се гласа за Македонија, вели Јакимовски кој додава
дека Македонија мора да престане да попушта бидејќи сме пример за
попусливост во соседна Србија, а тоа се одразува и во целиот свет.

– Не преговараме за идентитетските прашања! Тие сакаат да прифатиме дека
македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека сме нација од 1944
година. Ако овие две прашања се решат, може комисијата да разговара за
идентитетот на некои револуционери но тоа не може да биде услов за
членство во ЕУ. Јас ова го кажав и на лидерската средба и сите наведнаа
глава и Ковачевки и Џафери и сите, вели Јакимовски.

- Реклама -