Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека во последното деноноќие во земјава имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор, од коишто осум се се‘ уште активни.

Пожарот над тетовското село Селце, кој гори од 11 април, се уште е активен и покрај тоа што на терен гаснеле два хеликоптери од МВР и ренџерите од Национален парк „Шар Планина“ со 10 луѓе, а и четири пожарникари од ТППЕ-Тетово.
„Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера беше и на терен. Опасност за соседното селото Лавце нема, а пожарот е далеку и од други објекти или населени места. Хеликоптерите престанаа со гасење вчера по 16 часот, а и повеќето од луѓето беа повлечени. На терен останаа дежурни неколку ренџери од Национален парк „Шар Планина“ кои дежураат за секој случај. Во текот на денешниот ден повторно екипите од утрово интервенираат.“, извести ЦУК.
Активни пожари има во Гургурница (Општина Брвеница), помеѓу Сретково и Церово, кај одморалиштето „Бунец“ (Општина Маврово – Ростуше), а и кај селото Горјане (Општина Врапчиште).
Пожари се регистрирани и во скопски, битолски и велешки регион.

Извор