НБА лига: Оклахома лесно до „единицата“, Денвер до „двојката“


Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер лесно го одбранија првото место во Западната конференција совладувајќи ја незаинтересираната втора постава на Далас Маверикс со 135:86, додека второто место го освоија Денвер Нагетс кои славеа со 126:111 на гостувањето кај Мемфис Гризлис, искористувајќи го домашниот пораз на Минесота Тимберволвс против Феникс Санс од 106:125.

Бредли Бил ги предводеше Санс со 36 поени и ги воведе во доигрувањето, додека Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 124:108. Леброн Џејмс се истакна со 28 поени, 17 асистенции и 11 скока. Ентони Дејвис впиша 30 поени и 11 скока.

Тоа се покажа како увертира за „плеј-ин“ пресметката, која ќе се игра во истата сала ноќта од вторник кон среда по средноевропско време. Победникот од тој натпревар ќе ја заземе позицијата седми носител на Западот и ќе игра против бранителите на титулата Денвер Нагетс, во првото коло од плеј-офот.

Поразените ќе треба да се борат за позицијата осми носител против победникот од дуелот меѓу деветтопласираните Сакраменто Кингс и десеттопласираните Голден Стејт Вориорс, кои ја затворија сезоната со победа на домашен терен против Јута Џез од 123:116.

Тимот што ќе ја освои позицијата осми носител во првото коло од плеј-офот оди во Оклахома Сити Тандер.

Во Западната конференција познати се две плејоф двојки од првото коло: Минесота (3) – Феникс (6) и ЛА Клиперс (4) – Далас (5).

Резултати од НБА, 14.4.
Њујорк Никс – Чикаго Булс 120:119 (продолжение)
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 132:122
Кливленд Кавалирс – Шарлот Хорнетс 110:120
Индијана Пејсерс – Атланта Хокс 157:115
Мајами Хит – Торонто Репторс 118:103
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 113:88
Филаделфија 76ерс – Бруклин Нетс 107:86
ЛА Клиперс – Хјустон Рокетс 105:116
Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс 126:111
Минесота Тимбервулвс – Феникс Санс 106:125
Њу Орлеанс Пеликанс – Лос Анџелес Лејкерс 124:108
Оклахома Сити Тандер – Далас Маверикс 135:86
Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 121:82
Сан Антонио Спарс – Детроит Пистонс 123:95
Голден Стејт Вориорс – Јута Џез 123:116

- Реклама -