НБА лига: Никс им го украдоа на Бакс второто место


Во исклучително возбудлив натпревар на последниот ден од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Њујорк Никс ги победија Чикаго Булс со 120:119 по продолжението во својот „Медисон Сквер Гарден“ и на тој начин им ја земаа позицијата втор носител на Милвоки Бакс, кои беа поразени во Орландо од Меџик со 88:113.

Најдобар играч на Никс беше Џејлен Брансон со 40 поени, осум скока и седум асистенции. Донте ДиВинченцо постигна 25 поени за победниците. Џош Харт постигна 12 поени и 10 скока. Демар Дерозан беше најдобар стрелец на Булс со 30 поени, но промаши потенцијален шут за победа на крајот од продолжението. Никола Вучевиќ постигна 29 поени и 11 скока, а Коби Вајт 26 поени. Одлична дефанзивна улога имаше Алекс Карузо кој мечот го заврши со 15 поени и осум асистенции.

Кливленд Кавалирс не успеаја да го искористат поразот на Милвоки Бакс и да се пласираат на третото место. Кавалирс пред своите гледачи загубија од Шарлот Хорнетс со 120:110 и со тоа останаа на четвртата позиција.

Во распелтот за поредокот од петто до осмо место сите екипи остварија победи, па ништо не се смени на табелата.

Орландо Меџик го одбранија петтото место со победата од 113:88 против ослабените Милвоки Бакс (без Јанис Адетокумбо). Индијана Пејсерс го затрупаа кошот на Атланта Хокс и победија со 157:115, но не успеаја да се помрднат од шестата позиција. Ништо на Филаделфија 76ерс не им значеше победата од 107:86 против Бруклин Нетс, бидејќи Сиксерс ќе мора да играат за место во плеј-офот против Мајами Хит, кои во последниот натпревар го совладаа Торонто со 118:103, но остана на осмото место.

Така, победникот од плеј-ин натпреварот Филаделфија – Мајами во првото коло од плеј-офот ќе оди кај Њујорк Никс, а поразениот ќе игра против победникот од натпреварот Чикаго – Атланта за позицијата 8. носител и пресметка со Бостон Селтикс во првото коло.

Ноќта од среда кон четврток по средноевропско време се закажани натпреварите Филаделфија – Мајами и Чикаго – Атланта, додека ноќта од петок кон сабота ќе се игра за позицијата 8-ми носител.

Првите натпревари од првото коло од плеј-офот се закажани за сабота, 20-ти април.

Во Источната конференција има два познати двојки: Милвоки (3) – Индијана (6) и Кливленд (4) – Орландо (5).

- Реклама -