Студентска уметничка пролет

Од 11 -ти до 26 април Europe House Skopje заедно со ФДУ Скопје, Академска сцена на ФДУ Скопје, Flu Skopje, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Универзитетско студентско собрание – УКИМ и Факултет за музичка уметност – Скопје ќе го организира настанот Студентска уметничка пролет, своевидна прослава на енергијата и младешката моќ преку универзалниот јазик на уметноста.

„Во периодот од 11- ти до 12 ти април ќе ја истражиме богатата таписерија на музиката, литературата, филмот..преку студентскиот креативен дух. Овој интердисциплинарен пристап и спој на различни уметнички факултети ќе ги претстави многуте облици на уметничката форма. За прв пат креираме патување низ институциите во кое студентите и професорите ќе ни ги доближат видовите на уметничко творештво на интегриран начин. Да се препуштиме на убавината, сетилата и емоциите на уметноста како главен двигател која не познава граници и да го доживееме креативниот студентски импулс.„

Настанот ќе се одвива на неколку локации во Скопје и тоа Сули Ан, Техничкиот кампус- УКИМ, Академската сцена на ФДУ и многу други. Предвидени се предавања, концерти, поетско музичка вечер, проекции на филмови и многу други активности.

- Реклама -