Надградени „Нокија“ телефони со копчиња

Финскиот производител „ХМД“ во понудите има повеќе видови мобилни телефони од повеќе брендови, но сепак, уште се држи и до надградувањето на постарите телефони „Нокија“ со копчиња.

За оваа година ќе бидат пуштени три нови модели – секој претставува современа верзија на класиката. Тоа се моделите „6310”, 5310” и „230” (за 2024 година). „Нокија 6310“ има неколку нови функции и е сличен на моделот „6310“ од 2021 година, но „ХМД“ обезбеди батерија со поголем капацитет – од 1.450 мегаампер-часови и УСБ-Ц излез. Останатите спецификации остануваат исти – „ВГА“ камера со блиц, 2,8-инчен „ЛЦД“ екран, место за две СИМ картички и „Микро-СД“ картичка.

„Нокија 5310“ го задржа дизајнот на својот двојник од 2020 година, но маллку подолг и поширок, исто – со батерија од 1.450 мАх. Уредот користи процесор „Унисок 6531Ф“ и има поголем екран, УСБ-Ц приклучок на дното. Но, внатре сѐ останува исто – 8 и 16 МБ меморија, слот за „Микро-СД“, два звучници и ФМ радио.

И „Нокија 230“ задржа сличен дизајн, но доаѓа со нова батерија. Го има стариот 2,8-инчен „ТФТ“ екран со 65.000 бои, истата камера од 2МП со „ЛЕД“ блиц на предната и задната страна, 3,5-милиметарски приклучок за слушалки и 8 – 16 МБ меморија.

Цените сѐ уште не се објавени. Треба да се напомене и дека овие уреди се ограничени на 2-Г мрежи, па нема да работат на 3-Г и поновите мрежи.

- Реклама -