Промоцијата на новата книга од Бранко Тричковски ќе се одржи на 12 април

Промоцијата ќе се одржи на 12 април, петок, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот

Неформалните најави за новата книга на популарниот колумнист Бранко Тричковски, автор со кој се гордее Редакција Фронтлајн предизвикаа голем интерес во јавноста. Голем број читателки и читатели испратија прашања во инбоксот на редакцијата за насловот, промоцијата, обемот и содржината на книгата.

Сега е официјално!

Новата книга на Бранко Тричковски носи наслов ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ. Таа е во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник Фронтлајн, каде што Авторот пишува од првиот ден на основањето на 21 септември 2019 година.

Бранко Тричковски
Бранко Тричковски

Промоцијата ќе се одржи на 12 април, петок, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

Колкав е обемот на книгата?

Како и претходната книга на Тричковски, се работи за обемно издание. Книгата е на 635 страници!

Дизајнот на корицата е на познатиот ликовен уметник и дизајнер Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти од Сашо ОрданоскиВалентин Нешовски и Џабир Дерала (издавач и уредник). Ќе најдете и кратка биографска белешка со фотографија од авторот што ја направи познатиот фотограф Чедо Поповски. Во подготовката на овој издавачки проект учествуваше целата редакција Фронтлајн.

На промоцијата ќе говорат издавачот Џабир Дерала, универзитетската професорка и колумнистка Емилија Целакоска и поетот Лазар Попов. На промоцијата се најавува и обраќање од авторот, Бранко Тричковски.

- Реклама -