Промоција на книгата за деца „Љубов во топка“ на Ана Јовковска

На 11 април (четврток), со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на книгата„Љубов во топка“ ,која е седма книга на Ана Јовковска, нејзина втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

Илустрациите се на Иванка НиБа. Промотор е Владимир Мартиновски. Тоа е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.

- Реклама -