Пет намирници за спречување на Алцхајмерова болест открива невронаучник

Секогаш е важно здравјето на мозокот да ни’ биде приоритет. Меѓутоа, како што старееме може да бидеме особено загрижени од ризикот од болести и одржување на нашиот мозок во одлична форма.

Сепак, има многу работи што можеме да ги направиме за да го заштитиме нашето когнитивно здравје како што старееме, а еден од најважните чекори е да јадеме храна која е здрава за нашиот мозок.

За среќа, има многу вкусни намирници кои можеме да ги додадеме во нашата чинија за поздрав мозок и со тоа да го намалиме ризикот од Алцхајмерова болест. Неодамна, невронаучникот и доктор специјализиран за помагање на луѓето во превенција од Алцхајмеровата болест, Роберт Лав, сподели видео на TikTok во кое истакна пет фантастични опции, како што вели „вклучително и онаа за која можеби не сме слушнале“.

  1. Јајца

Преполни со протеини, јајцата се фантастични за целокупното здравје, вклучувајќи го и мозокот. „Многу луѓе не се согласуваат за ова, но науката е многу јасна“, вели Лав. Тој наведува дека јајцата се богати со витамини од Б-комплексот, селен и холин, кој е од витално значење за меморијата.

  1. Сардини

Следни на листата се сардините кои Лав ги смета за личен фаворит. Овие риби се карактеризираат со изобилство на омега-3 масни киселини, особено DHA. Имајќи предвид дека мозокот главно се состои од маснотии, јадењето здрави масти како оние што се наоѓаат во сардината може да направи чуда.

„Тоа му дава на вашиот мозок суровини за создавање нови мозочни клетки и за создавање и поправка на мозочните клетки“, објасни Лав. Тој препорачува дневен внес од околу 2.000 милиграми DHA за оптимално здравје на мозокот.

  1. Чоколада/какао

Чоколадото нуди мноштво здравствени придобивки, дури и кога станува збор за нашиот мозок. Лав сугерира да се одлучите за органско чоколадо или какао. „Истражувањата покажуваат дека какаото ја подобрува меморијата кај здравите возрасни лица. Промовира нешто што се нарекува неврогенеза, што е раст на нови мозочни клетки и ангиогенеза, раст на нови крвни садови“, вели Лав.

Покрај тоа, конзумирањето на какао може да го намали ризикот од мозочен удар, што го прави моќен сојузник против когнитивниот пад.

@robertwblove Five Foods to Prevent Alzheimer’s. #alzheimers #dementia #food #brainfood #organic #superfoods #brainfog #memory #alzheimer #sardines #slamon #omega3 #eggs #cholesterol #blackrice #polyphenols #robertlove #robertwblove ♬ original sound – Robert Love

 

  1. Див лосос

Масната риба, како лососот, е една од најздравите суперхрани. „Ова е апсолутно одлично за вашиот мозок“, вели Лав. Ја нагласува важноста на изборот на див лосос, наместо сорти одгледувани на фарма, за оптимално здравје на мозокот.

Дивиот лосос, богат со омега-3 масни киселини како што е DHA, дава бројни придобивки благодарение на изобилството на здрави масти. Ова го прави главен дел од препораките за исхрана на Лав, за зајакнување на мозокот.

  1. Црн ориз

Последно, но не и најмалку важно, Лав го наведува црниот ориз како изненадувачки додаток на листата. За разлика од белиот ориз, црниот ориз е „богат со полифеноли, кои се растителни хранливи материи кои се одлични за цревните бактерии“, објаснува неврологот. Тој забележува дека она што е добро за нашите црева е добро и за нашиот мозок. Се препорачува да се користи за пудинг од ориз како десерт.

- Реклама -