Мадона ќе одржи концерт во Копакабана во Рио де Жанеиро


Поп суперѕвездата Мадона ќе одржи концерт на славната песочна плажа Копакабани во Рио де Жанеиро, потврдија организаторите во петокот.

„Бразил, доаѓам наскоро“, рече пејачката на безременските хитови како „Material Girl“ и „Vogue“ во видеото претходно оваа седмица.

Локалната хотелска индустрија ја поздрави најавата.

„Новогодишната ноќ пристигна рано“, рече во интервјуто шефот на синдикатот на хотели во Рио, Алфредо Лопес, објаснувајќи дека исполнетоста на хотелите во делови од градот со најголем број туристи може да достигне 100 отсто пред концертот.

Колумнистот Лауро Жардим од весникот O Globo овој месец изјави дека концертот е закажан за 4-ти мај, датум што сè уште не е потврден од властите или од 65-годишната пејачка.

Минатите бесплатни концерти на Копакабана, кои привлекоа милиони обожаватели, ги вклучуваа Rolling Stones, Род Стјуарт и Лени Кравиц.

Мадона ја започна својата турнеја „Celebration“ минатиот октомври.

- Реклама -