Пет плодови богати со хранливи материи кои го зголемуваат нивото на хемоглобин

Овошјето, кое е богато со хранливи материи како што се железо, витамин Ц, фолна киселина и други хранливи материи, може да помогне природно да го зголеми нивото на хемоглобин. Важно е да се одржи зголемено ниво на хемоглобин бидејќи хемоглобинот е протеин кој се наоѓа во црвените крвни зрнца, еритроцитите и има незаменлива улога во транспортот на кислородот во телото. Редовното консумирање на овие пет видови овошје природно може да го зголеми ова ниво.

Јаболка

Јаболката се богати со железо и витамин Ц, благодарение на кои можат да помогнат во подобрување на нивото на хемоглобин. Железото во јаболката лесно се апсорбира од телото, што ги прави одлична храна за сите оние кои имаат проблеми со анемија, пренесува Health Shots, цитира Стандард лајф.

Калинка

Калинката е полна со железо, витамин Ц и антиоксиданси. Овие хранливи материи не само што помагаат во зголемување на нивото на хемоглобин, туку и ја подобруваат циркулацијата на крвта и имаат позитивен ефект врз целокупното здравје на срцето.

Кајсии

Сочните и вкусни кајсии се добар извор на железо, витамин Ц и бета-каротин. Според Health Shots, редовното консумирање кајсии може да помогне во производството на црвени крвни зрнца и да го зголеми нивото на хемоглобин.

Суви сливи

Сувите сливи се богати со железо, витамин Ц и бакар, од кои сите се важни за производство на хемоглобин. Тие исто така помагаат да се спречи запек и да се промовира здравјето на цревата, пренесува Health Shots.

Грозје

Грозјето содржи железо, витамин Ц и антиоксиданси како ресвератрол, еден од најсилните антиоксиданси кој помага да се заштити телото од ефектите на слободните радикали. Покрај тоа, хранливите материи поврзани со грозјето можат да помогнат во зголемувањето на нивото на хемоглобин и да влијаат на целокупното здравје.

- Реклама -