Научниците тврдат дека конечно откриле што предизвикува мигрена

Главоболките и мигрените се најчестите типови на главоболки, но точната причина за овие состојби никогаш не е пронајдена. Барем до сега, ако им се верува на експертите.

Истражувачки тим во Германија ги проучувал магнетните резонанци (МР) на 50 пациенти за да ја анализира поврзаноста помеѓу зачестеноста на главоболки, болки во вратот и мускулите на лицето.

Што предизвикува мигрена?
Тие особено се фокусирале на трапезоидните мускули, пар големи триаголни ткива кои се протегаат по задниот дел на вратот и рамената и водат до главата и лопатките на рамото, пишува New York Post.

Истражувачите откриле дека оние кои страдаат и од главоболки и од мигрена покажуваат поголемо оптоварување на тие мускули на вратот.

Со други зборови, главоболките се буквално последица на болка во вратот.

Скенирањата со магнетна резонанца направени од истражувачите покажале дека учесниците во студијата, во деновите кога страдале од болки во главата и вратот, исто така покажале повисоки нивоа на непријатност во пределот на вратот, што покажува дека тие мускули биле воспалени.

Ова ги навело експертите да заклучат дека воспалението во вратот – кое може да се развие поради неколку причини, вклучувајќи лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда и стрес – може да биде поврзано со главоболки и мигрена.

„Нашите наоди ја поддржуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки“, рекол д-р Нико Солман во изјава, додавајќи дека третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот, како и на главоболката.

Третман на мигрена
Солман истакна дека неинвазивните опции за третман кои директно го таргетираат местото на болка во мускулите на вратот — како масажа или акупунктура — можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите.

На лицата кои боледуваат од мигрена им се препорачува да бидат прегледани од општ лекар и невролог, што ќе обезбеди навремена дијагноза и правилен третман.

На луѓето кои патат од мигрена им се препорачува и да спијат доволно часови, да го намалат стресот, да се хранат правилно и да избегнуваат други ситуации кои можат да влијаат на појавата на мигрена.

- Реклама -