Вработен во интерно во гостиварската болница пријавил напад

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (24 декември) околу 17 часот во Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец С.Ѓ. Претходно, тој бил пријавен од 42-годишниот Л.Б. од гостиварско Мало Турчане дека на Интерното одделение во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил вработен, физички го нападнал.

„Гостиварецот С.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а се барал, исто така, и поради сомнение за негова инволвираност и во кривично дело.“, информира полицијата.

Извор

- Реклама -