Полуфиналето во египетскиот Суперкуп решено дури по 34 пенали


Беа потребни дури 34 пенали пред Модерн Фјучрс конечно да ги победи Пирамдис со 14:13 во полуфиналето на египетскиот фудбалски Суперкуп, откако регуларниот дел заврши без голови 0:0.

Модерн Фјучрс, кој ќе се соочи или со Ал Ахли или со Керамика Клеопатра во финалето, прокоцка три удара од белата точка, но Пирамидс го загубија натпреварот откако го промашија четвртиот пенал на стадионот „Мохамед бин Зајед“ во Абу Даби.

Дефанзивецот на Пирамидс, Осама Галал промаши два удара од белата точка, вклучувајќи го и решавачкиот што ја запечати победата на Фјучрс.

Иако се чини дека пенал-рулетот на овој натпревар е бескраен, сепак ова е многу помалку од вкупните 54 пенали кога Вашингтон ФК го совлада Бедлингтон Териерс со 25:24 во меч од локалниот куп во Англија минатата година.

Натпреварот од Купот на Намибија во 2005 година меѓу КК Палас и Сивикс имаше 48 пенали, што е вториот со најмногу удари од белата точка од сите времиња.



- Реклама -