Бразилски затвор, а го чуваат… гуски?

Фото: Pixabay (Alexas_Fotos)

Во затвор во бразилската држава Санта Катарина, наместо кучиња, затворениците ги чуваат гуски, објавуваат британските медиуми.

Задачата на гуските е да внимаваат на обидите за бегство и да сигнализираат кога такви обиди ќе се случат.

Како што се наведува, гуските патролираат по зелениот периметар сместен меѓу внатрешната ограда и главниот надворешен ѕид што го дели затворот од надворешниот свет.

Затворската управа објаснува: гуските се исклучително будни, а тоа ги прави одлични чувари, дури и подобри од кучињата. Освен тоа, одгледувањето на гуски, велат, е поевтино од чувањето на кучиња. Сепак, еден од главните предуслови во конкретниот затвор, што го прави подобен за гуски и нивната висока ефикасност во „работењето“, е мирната локација на самиот поправен дом, посочуваат од управата.

- Реклама -