Најдобрите градски дестинации во светот за 2023-та, според Euromonitor

Париз повторно е прогласен за најатрактивна градска дестинација во светот, покажа истражувањето на Euromonitor International.

Во конкуренција беа 100 градови, а на списокот убедливо убедливо најзастапени се европските.

Градот на светлината (Париз) сè уште е најдобрата градска дестинација, веднаш зад него е Дубаи, а Мадрид е на третата позиција. Во топ 10 убедливо триумфираат европските, но меѓу нив се најдоа и, рековме, Дубаи – најголем град во Обединетите Арапски Емирати, како и Токио и Њујорк.

Индексот на најдобри градски дестинации за 2023 година ги вклучува водечките градови од целиот свет, а тие се рангирани врз основа на критериуми кои вклучуваат туризам, одржливост, економски перформанси, здравје и безбедност. Според извештајот, успехот на европските градови се должи на „брзата урбанизација и широкото усвојување на технологијата“, според Си-Ен-Ен.

„Подобрувањето на одржливоста, транспортот и социјалното влијание се некои од клучните цели што градовите ги преземаат денес со цел да ја зголемат конкурентноста, да ја подобрат својата туристичка понуда и да обезбедат непречено патување“, според Euromonitor International.

Топ 20 градови според индексот на Euromonitor за 2023 година се:

1. Париз, Франција
2. Дубаи, Обединети Арапски Емирати
3. Мадрид, Шпанија
4. Токио, Јапонија
5. Амстердам, Холандија
6. Берлин, Германија
7. Рим, Италија
8. Њујорк, САД
9. Барселона, Шпанија
10. Лондон, Велика Британија
11. Сингапур
12. Минхен, Германија
13. Милано, Италија
14. Сеул, Јужна Кореја
15. Даблин, Ирска
16. Осака, Јапонија
17. Хонг Конг
18. Виена, Австрија
19. Лос Анџелес, САД
20. Лисабон, Португалија

Истанбул е на врвот на листата според бројот на меѓународни посети, следен од Лондон, а потоа и Дубаи.

- Реклама -