Мадрид подготвува рестрикции за претстојните празници, улиците ќе се затвораат за туристи

Мадрид е една од најпосетуваните дестинации во Европа и градските власти размислуваат за воведување рестриктивни мерки за ограничување на протокот на посетители.

Улиците во шпанската престолнина би можеле да бидат целосно затворени за посетители за време на божиќните празници. Градските власти воведоа предупредување, кое треба да го ограничи бројот на посетители во центарот на градот.

Шпанската престолнина го активира таканареченото Црно ниво поради големиот прилив на гости поради претстојните празници . Мерките ќе се активираат само во случај да има голема заситеност на јавните простори и градскиот превоз, а се преземаат градот да биде безбеден и да функционира.

Полицијата од небо ќе ги следи најфреквентните улици со помош на дронови. Откако напливот на луѓе ќе го достигне својот максимум, улиците ќе бидат затворени. Ова ќе им овозможи на туристите да излезат, но не и да влезат во областа. На овој начин ќе го контролираат бројот на луѓе, за да се овозможи нормално функционирање на градот и комуналните служби.

Додека цел Мадрид ќе биде опфатен со мерките, критичните точки со посебни мерки ќе бидат улиците Preciados и El Carmen, Plaza del Celenque, дел од Calle Alcalá во близина на Plaza de Cibeles и Gran Vía. Исто така, нема да функционираат одредени метро станици и линии. Мерките ќе ги поддржат 450 општински полицајци, како и 850 дополнителни работници во деновите кога има најмногу гужви.

Бројот на туристи во Шпанија расте во текот на целата година, не само за време на празниците. Во првите 10 месеци од 2022 година Шпанија ја посетиле 74.7 милиони туристи, а само во ноември 2023 година во земјата влегле 3.3 милиони странски туристи. Ова е зголемување од 9.3% во однос на истиот месец од претходната година.

- Реклама -