Над 60 возачи во Гостивар ќе си „бркнат во џеб“ заради брзо возење, некои ќе останат и без дозволи

Денеска (8 декември) во периодот од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 139 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-106 и ГВ-33).
Од нив, 3 возачи, сите во гостиварско, пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 17 возачи (ТЕ-9 и ГВ-8) за над 50 до 70 километри на час и така натаму. Покрај тоа, санкционирани се и 65 пречекорувања (ТЕ-35 и ГВ-30) на пропишаната брзина во населено место.
„На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои пречекориле за повеќе од 50 и 70 километри на час ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.СВР Тетово повторно со апел до возачите во и надвор од населено место да не возат побрзо од дозволеното и целосно да ги почитуваат постоечките знаци, правила и прописи.
Ова, дотолку повеќе што во регионот веќе се чувствува зголемена сообраќајна фрекфенција, пред се на автопатот Гостивар-Тетово- Скопје, каде и најчесто се вози пребрзо.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска

Извор

- Реклама -