Извори од истрагата потврдиле: Вања била врзана и ставена во вреќа во подрумот на зградата, објави ТВ24

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, кога била киднапирана, прво била внесена во подрумот од зградата. Таму била врзана и ставена во вреќа за спиење и потоа изнесена од зградата, објави ТВ24, откако тоа им го потврдиле извори од истрагата.

Оваа информација, според медиумот, објаснува како Вања била грабната без никој да забележи, иако зградата се наоѓа во близина на Градскиот парк и во околината има голем број угостителски објекти и со тоа зголемена фреквенција на луѓе дури и во раните утрински часови.

Како што се наведува во текстот, првоосомничениот за убиството – Љупчо Палевски, имал клуч од влезната врата на зградата, со оглед дека таа е градена од компанијата „УПА Ентерпрајз“ чиј сопственик бил Палевски.

- Реклама -