Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани на 6 декември  ги лишиле од слобода И.В.(26), А.Р.(24) и Б.А.(22), тројцата од Кочани.

-При извршен претрес од полициски службеници во домовите и помошните простории на И.В. А.Р. и Б.А., по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и таблетки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави

- Реклама -