Температури во Сибир од минус 50 степени Целзиусови, рекордни снежни врнежи во Москва

Температурите во делови од Сибир се спуштија до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните виулици ја зафатија Москва со рекордни снежни врнежи, а многу летови доцнат или се одложени.

Најмалку 54 летови се одложени, а уште пет се откажани на трите најголеми аеродроми во главниот град, јави руска новинска агенција

Во Република Јакутија (Саха), лоцирана во североисточниот дел на Сибир и во која се наоѓа Јакутск, еден од најстудените градови во светот, температурите паднаа под минус 50 степени Целзиусови, покажаа метеоролошките станици во регионот.

МИА

- Реклама -