Пливајќи преку реки и среде ноќ… околу 20.000 Украинци илегално ја напуштиле земјата за да избегнат мобилизација

Речиси 20.000 Украинци илегално ја напуштиле земјата од почетокот на војната за да избегнат мобилизација.

Некои пливаа реки, други ја преминаа границата под превезот на ноќта, јави Би-Би-Си.

Многу повеќе мажи се обиделе да побегнат од земјата, но биле спречени од граничната полиција и сега им се заканува затворска казна до осум години, додава британскиот јавен дифузер.

Откако почна руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, Украина им забрани на мажите да ја напуштат земјата без валидна причина за ослободување од воена служба, меѓутоа, според британскиот јавен сервис, многумина сè уште се обидуваат да избегаат.

МИА

- Реклама -