Ким Џонг-ун најверојатно се упатил кон Русија со воз

Јужнокорејскиот информативен канал ИТН (YTN) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно се упатил кон Русија, каде ќе се сретне со претседателот Владимир Путин.

Според достапните информации Ким се упатил кон североисточната граница на Северна Кореја со посебен воз, а средбата со Путин би требало да се одржи најрано утре.

ИТН претходно објави дека средбата Ким – Путин се очекува на 13 септември.

Додека руските медиуми објавија дека се „следните денови“ се очекува Ким да го посети Далечен Исток.

Доколку се одржи средбата, тоа ќе биде прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на Ковид-19.

Последната посета на Ким на Владивосток беше во 2019 година, на првиот самит со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма.

МИА

- Реклама -