Хрватите се пцуеа меѓу себе во ремито со Велс, селекторот Далиќ – збесна (ВИДЕО)

Синоќешното реми на домашен терен против Велс (1-1) на стартот од квалификациите за ЕП 2024, донесе големо разочарување во таборот на Хрватска, од кој утринава излегуваат и информации за кавги помеѓу репрезентативците и тоа поради – себичност.

Медиумите во предел план ја потенцираат случката од последната минута од првото полувреме, кога стрелецот на тогаш водечкиот погодок Андреј Крамариќ реши сам да завршува наместо да му асистира на Иван Перишиќ, кој беше во далеку подобра ситуација. Тоа го разлути фудбалерот на Тотнем, кој упати рафал пцовки во негов правец.

„Оди во ку*ац, е*и се“, биле првите зборови кои му ги упатил на себичниот соиграч.

- Реклама -