Четата на Чави е незапирлива: Барселона со еден гол ја совлада Жирона (ВИДЕО)

Барселона ја запиша втората победа по ред во шпанската Ла Лига, откако денеска беше подобра од Жирона со 1-0, па така ја зголеми предноста на шест бодови пред вечниот ривал Реал Мадрид.

Каталонскиот гигант не делуваше доминантно на теренот против Жирона, затоа што и домашната екипа имаше свои шанси, но во првото полувреме мрежите мируваа на двете страни.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 61. минута по одлична акција на Каталонците, но и една лоша интервенција на голманот Газанига, по која топката стигна до Педри, а тој без мака стрелаше за 1-0.

Четата на тренерот Чави продолжи да игра во одличен ритам во Ла Лига и има 47 бодови по 18 одиграни кола.

- Реклама -