Четвртиот сезонски триумф со кој Кадиз сега дојде до 19 бода ја обезбедија Тео Бонгонда на асистенција на Алваро Негредо по само десет минути игра и Алеш Фернандез со гол од пенал во 38-та минута од мечот.
Кадиз беше претпоследен, а со триумфот сега има 19 бода и се искачи на 15-та позиција на табелата, додека Мајорка со осмиот сезонски пораз остана на 25 бода на десеттото место во шпанската елита.