Воска ја прегази Брегалница на пријателски меч!

Амбициозниот македонски второлигаш Воска Спорт на стартот на овие зимски подготовки покажува дека е многу сериозен во намерата да игра во Првата лига во идната сезона, откако охриѓани попладнево ја прегазија штипска Брегалница во контролен меч со 3-0.

Воска, која есеноска заврши на третото место на табелата уште во првата минута дојде во водство со гол на Бесарт Реџепи, а потоа новото засилување Ујкан Муча постигна два гола во вториот дел, прво во 66-та минута, а потоа и пет минути подоцна во 71-та.

Воска тотално ги надиграла штипјани, кои за 90 минути успеале само еднаш да се заканат кон противничкиот гол и тоа на средина од вториот дел.

За охриѓани ова е втора победа во вториот контролен меч досега, откако пред три дена славеа со 2-1 против Арсими со головите на Енсар Лума и Ален Јашаровски.

- Реклама -