Скопјанецот Славески петти пат по ред победи во бокс со – голи раце (ВИДЕО)

Скопјанецот Горјан Гого Славески, кој веќе подолго време се натпреварува во боречки вештини во САД, продолжува со фантастичните настапи во бокс со голи раце, откако ноќеска дојде и до петтата победа по ред во БКФЦ серијата совладувајќи го со нокаут Кубанецот Јосденис Чедено.

Ова беше елиминаторска борба за добивање шанса за пресметка за титула во велтер категоријата, што значи дека шестиот дуел за македонскиот боксер ќе биде за престижниот шампионски појас.

- Реклама -