Српски кошаркар тргна да тепа судија, па на публиката ѝ покажа – два средни прста (ФОТО)

Кошаркарите на Задар без поголеми проблеми го совладаа Борац Чачак (84-75) во првиот меч од 17. коло од АБА-лигата, со што му направи услуга на МЗТ Скопје, чија најголема шанса да избегне испаѓање од јадранската елита е да го стигне српскиот тим.

Пред самиот крај, без поголем повод, дојде до голем инцидент во кој поранешниот партизановец, а сега центар на гостите, Ѓорѓе Гагиќ, тргна да го тепа главниот судија, за што доби две технички грешки, а со тоа и исклучување. Потоа, тој влезе во вербален дуел со дел од публиката, поради што дел од трибините мораа предвреме да бидат испразнети.

- Реклама -