Ѓоковиќ изнуди овации за Федерер: Кога ќе одиме на скијање?

Новак Ѓоковиќ по победата против Андреј Рубљов со Џим Куриер на теренот и даде анализа на натпреварот, но го спомена и легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.

Ѓоковиќ доби прашање дали се сеќава на своето прво полуфинале, а Србинот се присети дека тоа било во 2007 година.

„Мислам дека тоа беше во Ју-Ес Опен во 2007 година. Го добив тој натпревар, но потоа загубив од Федерер. Ајде да му дадеме аплауз“, побара Ѓоковиќ.

Публиката даде голем аплауз, по што Ѓоковиќ се присети дека имал неверојатни битки со Федерер.

- Реклама -