Исто како во 2009, завршуваме против Јужна Кореја за пласман на СП!

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го комплетира настапот на Светското првенство во Полска и во Шведска, со дуелот против Јужна Кореја (18ч.) за конечен пласман.

Ова ни ги враќа спомените назад до 2009 година, кога исто така го завршивме првенството со натпревар против Јужна Кореја за конечен ранкинг. Само има една „мала“ разлика, тогаш игравме за 11. место, а сега за 27. И со победа ова секако ќе биде најслабиот пласман на Македонија на едно ракометно СП, но пораз ќе значи дека го освојуваме 28. место, меѓу 32 учесници.

- Реклама -