Бомба од 30-тина метри во 90. минута го спаси Баерн од срам среде Минхен! (ВИДЕО)

Минути го делеа Баерн Минхен да го претрпе вториот пораз оваа сезона, прв на домашен терен, меѓутоа Џошуа Кимих се јави како спасител, за конечни 1-1 во натпреварот со Келн.

Седмопласираната екипа на табелата ја искористи својата шанса и поведе по еден корнер во четвртата минута. Оттогаш до крајот на мечот упати само уште два шута кон голот на гигантот, но успешно го бранеше својот. Баерн направи комплетна опсада, со посед на топката преку 80 отсто во вториот дел, но плодот – го немаше.

- Реклама -