Фенерџијата во АБА2 си запиша прва победа на сметка на ТФТ!

Македонскиот прволигаш ТФТ, со пораз го почна четвртиот турнир во АБА2-лигата и тоа од последнопласираната екипа на табелата, словенечки Шенчур, со 74-91.

Клубот од скопско Тафталиџе парираше добро само во првите две четвртини или, попрецизно, еден и пол период. Водеше со највисоки 30-22 на средина од вториот, имаше и 35-30 по неполни седум минути игра во него, но тука престана со поентирање. Шенчур направи серија од 10-0 и со пресврт и водство 40-35 замина на пауза.

- Реклама -